Мултинационалниот бренд за брза храна McDonald’s уште пред 3 месеци прекина со работа во Русија, како реакција на руската воена инвазија на Украина.
Компанијата тогаш соопшти дека ќе се повлече од државата, а своите 847 ресторани ќе ги продаде на рускиот бизнисмен Александар Говор, кој моментално поседува лиценца за 25 ограноци на McDonald’s во Сибир.
Според информации од CNN Business и Reuters, компанијата веќе поднела предлози за нови трговски марки до руската агенција за патенти, кои треба да го заменат постојниот брендинг на рестораните.
Меѓу имињата кои се најдоа на предложената листа се и “Fun and Tasty” („Забавно и вкусно“), “The Same One” („Истиот оној“), “Just Like That” („Токму така“) и “Open Checkout” („Отворена каса“).
McDonald’s влезе на рускиот пазар во 1990 година, паралелно со падот на Советскиот сојуз, постепено прераснувајќи во еден од најголемите пазари на компанијата со скоро 850 ресторани ширум државата.