Брендот за брза храна McDonald’s реализираше необична принт-кампања наменета за грчкиот пазар, насловена „Наменето да биде класично“.
Се работи за серија од постери кои претставуваат преработени уметнички дела од импресионистичкитее сликари Едуар Мане и Пјер Огист Реноар во кои се вметнати производи на брза храна од McDonald’s.
Сликите се замислени како се поставени т.е. изложени на ѕид, при што под нив стојат препознатливите златни лаци на McDonald’s, заедно со текстот “Meant to be Classic” („Наменето да биде класично“).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција DDB Athens.