Брендот за брза храна McDonald’s склучи партнерство со американската раперка Saweetie за лансирање на специјален оброк кој ќе биде достапен во рестораните на брендот ширум САД, но само за лимитирано време.
Оброкот е комбиниран во соработка со Saweetie, која за себе вели дека е долгогодишен љубител на McDonald’s. Комбинацијата ќе содржи хамбургер Big Mac, четири парчиња поховано пилешко Chicken McNuggets, среден пакет помфрит, средна чаша Sprite, скараџиски сос Tangy и специјален слатко-кисел сос Sweet ‘N Sour.
Ова е четвртото партнерство кое McDonald’s го склучува со позната личност во последната една година, но првата жена. Претходни партнери на брендот беа американскиот рапер Travis Scott, колумбискиот пејач J Balvin и јужнокорејскиот поп-бенд BTS.
Претходно, McDonald’s немаше лансирано партнерски оброк со некоја позната личност скоро 30 години, од лансирањето на комбинацијата McJordan создадена во соработка со кошаркарската легенда Мајкл Џордан во 1992 година.