Американскиот ланец на брза храна McDonald’s ја продолжува соработката со хрватската компанија Краш. Откако минатото лето го воведе сладоледот McFlurry со вкус на Краш Наполитанки, во заедничко соопштение двете компании објавија дека креираа нови сладоледи McFlurry и McSundae Deluxe со вкус на Краш Домачица.
“Горди сме на уште една соработка со компанијата Краш. Краш е еден од локалните брендови во кој гледаме многу можности за заеднички напредок, кој со своето долгогодишно искуство во производство на висококвалитетни и оригинални кондиторски производи може да придонесе кон нашата понуда”, велат од McDonald’s Хрватска.
Чоколадираното чајно пециво Домачица се произведува од 1957 година. До денешен ден се произведува според оригиналната, традиционална рецепта.