Еден од најраспространетите ланци на ресторани за брза храна во светот, Мекдоналдс тестира нов тип на ресторани кои се базираат исклучиво на нарачки “за носење“
Според „Форбс“, Мекдоналдс неодамна ја отвори првата ваква локација во Лондон.
Гостите нарачуваат храна преку големи киосци со екрани на допир, плаќаат со картичка, а потоа чекаат персоналот да ја подготви нивната нарачка.
Простор за седење нема, ниту пак било какви декоративни детали во ентериерот, а идејата е да им се понуди брз оброк на оние кои немаат време или не сакаат да се задржат во ресторанот.
Првиот ваков ресторан, поточно, локација за преземање на храна, е отворен неодамна во Лондон и значително е помал од вообичаените ресторани на Мекдоналдс.
Како што пишува „Бизнис инсајдер“, менито е ограничено на некои од најпопуларните јадења, како што се помфрит, Big Mac или McNuggets. Идејата е вработените да не добиваат нарачки, туку самите гости ги прават нарачките на екраните, па сите работници се целосно посветени на подготвување храна и со тоа значително се намалува времето на чекање.
Ова е најголемата промена која што Мекдоналдс ја воведе во своето работење од седумдесеттите години на минатиот век, кога ја воведоа опцијата drive-in, благодарение на која купувачите можат да возат до шалтерот со автомобил, да нарачаат храна, а потоа да ја подигнат својата нарачка на следниот шалтер. Оваа новина тогаш беше револуција меѓу ланците за брза храна, а новите ресторани “за носење“ можеби ја да најавуваат револуција 2.0.
Доколку оваа тест-локација во Лондон се покаже успешна, овај концепт би можел да се прошири и на други пазари. Дали на купувачите ќе им се допадне овај празен ентериер и нарачување храна каде што човечкиот контакт е сведен на минимум, останува да се види.