(01.09.2020) – Пандемијата на корона вирусот сите нé натера да бидеме претпазливи кога треба да допираме некоја јавна површина, без разлика дали е тоа копче во лифт или шипка во градски автобус. За некои луѓе, таа претпазливост се претвори во вистинска параноја: „никогаш не можеш да бидеш доволно претпазлив“, би рекле некои.
Токму таквата паранојa е тема на новата хумористична реклама на брендот за брза храна McDonald’s, наменета за германскиот пазар. Во неа се претставени различни ситуации во кои луѓе (па дури и животни), бараат начин како да одбегнат да допрат некоја јавна површина со раце. Спотот е пропратен со навистина соодветната песна „Can’t Touch This“ („Не можеш да го допреш ова“).
Целта на рекламата е промоција на мобилната апликација на McDonald’s за бесконтактна нарачка и плаќање.
Кампањата е создадена со помош на агенцијата TRACK од Хамбург.