Во насока на промоција на својот кефе-бренд McCafé, гигантот за брза храна McDonald’s лансираше нова билборд кампања на германскиот пазар со која ги доведува во искушение апетитите на минувачите.
Новата кампања ги заменува фотографијата и пост-продукциските ефекти со инсталирањето на машини за чад кои додаваат „пареа“ на прикажаната гигантска слика кафе. Анимираниот, тродимензионален изглед на вистинскиот чад кои се шири низ воздухот асоцира на топлата шоља или чаша McCafé, привлекувајќи го вниманието на случајните минувачи.
Притоа, предвреме биле известени и полицијата и противпожарната служба, со цел да не се предизвикува непотребна паника поради чадот.
Кампањата е создадена со помош на адвертајзинг агенцијата Scholz & Friends.