И покрај масовната популарност на Инстаграм „приказните“ (т.е. „сториња“), помалку се чини дека маркетерите споро го прифаќаат овој медиум, веројатно поради специфичниот формат, a рекламите кои се поставуваат како „стори“, често се само несоодветни исечоци од традиционални 30-секундни спотови.
Токму поради овие причини е важно да се истакне неодамнешната кампања „Iconic Days“ која ја лансираше брендот за брза храна McDonald’s во Германија. Кампањата, создадена од креативната агенција Heimat (дел од групацијата TBWA), се состои од ултра минималистички реклами кои поврзуваат специфично производи на McDonald’s со определно време во текот на денот.
Секој од производите е претставен како силуета на бела позадина, додека пак самата силуета е исполнета со илустрации на изгрејсонце, зајдисонце, ѕвездено небо и слично.
Рекламите се споделуваат како „стори“ на Инстаграм профилот на McDonald’s во Германија, точно во соодветното време од денот. Се очекува дека постерите од кампањата ќе се прошират и во сферата на принтот и останатите медиуми.