Организаторите на Олимпијадата која ќе се одржат следната година во Токио објавија дека сите медали за овој натпревар се направени од рециклирани материјали од стари мобилни телефони. Вкупно се направени 5.000 златни, сребрени и бронзени медали кои ќе им бидат доделени на победниците на Олимписките и Параолимписките игри.
Првиот показател дека медалите можат да се направат на овој начин се појави во февруари 2017 година. Тогаш, организаторите на Олимписките игри побараа од јавноста да ги донираат своите стари телефони, a потоа што за време на процесот на рециклирање, од нив беа “извлечени“ злато, сребро и бронза. На овој начин, организаторите сакаат да придонесат кон зачувување на животната средина, а оваа порака ќе биде промовирана и во текот на траењето на Олимписките игри.
Дизајнот на медалите ја симболизира енергијата на спортистите, разновидноста на игрите, но во исто време ја претставува и јапонската култура. Друг начин на поврзување на јапонската културата со Олимписките и Параолимписките игри е проектот во кој јапонските уметници ги креираат знамињата на земјите-учеснички во аниме стил.