Медиа План ДООЕЛ – агенција за медиа планирање и закуп, објавува слободнo работнo местo за позициjата МЕДИА ПЛАНЕР ЗА ОНЛАЈН МЕДИУМИ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ.
Одговорности:
- Изработка и реализација на медиски стратегии и медиа планови за огласување на локалните портали, социјалните медиуми, Google Ads и останати дигитални медиуми и платформи
- Подготовка на извештаи од реализираните онлајн кампањи и нивна анализа и евалуација
- Презентација на резултатите од кампањите како и нивни анализи, во одреден формат
- Континуирано следење на дигиталните трендови во Mакедонија и регионот и имплементација на знаењата во секојдневната работа
- Подготовка на презентации и документи со анализа на трендовите во дигиталните медиуми
Квалификации/способности:
- Универзитетска диплома
- Одлично познавање на англиски јазик
- Напредно ниво на користење на Microsoft Office, особено Excel и PowerPoint
- Одлични аналитички вештини
- Желба за постојано надоградување на дигиталните вештини
- Способност за самостојна и тимска работа
- Основно познавање на платформите: Google Ads, Facebook Ads Manager и Google Analytics
- Основно познавање на дигиталните медиуми, социјалните и интерактивни мрежи и постоечки платформи
- Основно познавање на најновите трендови во онлајн огласувањето
- Познавање на локалните портали во Македонија
- Разбирање и толкување на метриките и резултатите од реализираните кампањи и нивно успешно презентирање во барана форма
На кандидатите ќе им се обезбеди можност за усовршување во динамично опкружување, како и наградување за личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста.
Заинтересираните кандидати да испратат CV на jobs@mediaplan.mk
Краен рок за пријавување: 01.11.2021 | 16:00 ч.
Без телефонски јавувања. За интервју ќе бидат контактирани само селектирани кандидати.