Медиа План ДООЕЛ – агенција за медиа планирање и закуп, објавува слободнo работнo местo за позициjата МЕДИА ПЛАНЕР.
- Изработка на медиа планови и следење на кампањи
- Преземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
- Подготовка на извештаи за постигнатите резултати според дефинирани параметри
- Изработка на презентации со анализа на пазарот и активностите на конкуренцијата
- Секојдневна комуникација и градење на партнерски односи со клиентите и медиумите
Квалификации/способности:
- Минимум две години работно искуство во медиа планирање, по можност во агенција
- Напредно ниво на користење на Microsoft Office, особено Excel и Powerpoint
- Познавање на софтверот Ariannа
- Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
- Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
- Универзитетска диплома
- Одлично познавање на англиски јазик
- Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
На кандидатите ќе им се обезбеди можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување, како и наградување на личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста.
Заинтересираните кандидати да испратат CV на jobs@mediaplan.mk
Краен рок за пријавување: 01.11.2021 | 16:00 ч.
Без телефонски јавувања. За интервју ќе бидат контактирани само селектирани кандидати.