Во соработка со Go2Digitalom, MediaCom Zagreb развија технологија со помош на која во непосредна близина на кучиња се активира реклама за Pedigree Dentastix, при што ефективноста на камапањата беше дуплирана и со тоа донесе бонзена канска награда за креативна примена на податоци
Кампањата на медиската агенција MediaCom Zagreb со наслов “Dogvertising“, создадена во соработка со Go2Digitalom за брендот Pedigree Dentastix, освои бронзена награда во категоријата “Data Technology” на фестивалот Cannes Lions. Нивниот успех е уште поголем имајќи во предвид дека во истата категорија во која беше освоена бронзата не беа доделени ниту златна, ниту сребрена награда, додека пак во категоријата “Data Driven Targeting”, во рамки на која кампањата се најде во потесен избор, не беше доделена ниту една награда.
Дигиталните иновации и креативното користење на форматот овозможија таргетирано огласување кон сопствениците на кучиња – развиен беше алгоритам кој во реално време препознава кучиња и тој сигнал го користи за отпочнувањето на реклама на екраните за надворешно огласување. Алгоритмот ги препознавал и специфичностите на кучињата, со цел да пропорача реклама за соодветен производ, овозможувајќи значајно поголема релевантност спрема шетачите на кучиња, а со самото тоа и подобри резултати на продажба.
„Исклучително сме горди на тоа што со оваа награда се позициониравме како светски лидер во употребата на вештачката интелигенција. Идејата да ги истренираме камерите да сфатат кога бред нив се наоѓа куче ни овозможи да постигнеме скоро 100% прецизност во емитувањето на рекламата пред сопствениците на кучиња. Имајќи предвид како загрепскиот оддел на MediaCom е дел од поголема групација, особено ни е драго што нашите колеги од предку 100 земји токму од нашиот пример ќе учат како се поместуваат границите на технологијата,“ истакнува Марко Матејчиќ, директор за стратешко планирање во MediaCom Zagreb.
„Кампањата Dogvertising е одличен пример како едноставните идеи можат значително да го унапредат бизнисот. Со развојот на алгоритам успеавме да им прикажуваме реклама исклучиво на сопствениците на кучиња и со тоа тројно да ја зголемиме ефективноста на нашето огласување,“ изјави Маја Зорц, директорка на Mars за портфолиото на храна за домашни миленици.
„Ова признание е само уште еден доказ дека имаме една од технолошки најнапредните мрежи за надворешно огласување во Европа, односно дека предводиме во имплементацијата на вештачката интелигенција, проширената реалност и управувањето со екрани по пат на движење“, посочува Дин Удатни, директор за маркетинг во Go2Digital.
Агенцијата MediaCom Zagreb за истата кампања во мај освои и IAB Europe Mixx награда – најпрестижната европска награда за дигитално огласување. Иновативноста на идејата е потврдена и на светско ниво во јуни со освојувањето на Grand Prix награда за најдобра огласувачка кампања во светот со три златни и една бронзена награда на Festival of Media Global – најпрестижниот светски фестивал во медиската индустрија.