„Медикал плус“ е нов веб портал во македонскиот медиумски простор создаден од стручен тим на доктори и медицински сестри, лансиран со цел пренесување на точни, релевантни и проверени медицински информации.
Порталот е создаден како реакција кон секојдневното читање неточни информации и пласирањето на разни препарати од нестручни и немедицински веб-страници. Имено, луѓето се принудени да читаат и применуваат совети за одредени лекови и препарати, да се поистоветуваат со разни состојби и болести кои ги нудат социјалните мрежи, а притоа не знаат дека информациите доаѓаат од непроверени извори, без соодветна стручност и релевантност, со единствена цел да изнудуваат поголем број прелистувања и кликнувања.
Тука настапува „Медикал плус“, обработувајќи конкретни теми со медицинска стручност. Порталот се занимава со истражување и пласирање на најнови медицински податоци за болести и состојби, опфаќа различен спектар на медицински гранки, здрава исхрана, родителство, фитнес, јога и медитација и многу други актуелности во однос на медицината во Македонија и ширум светот.
Информациите на „Медикал плус“ се преземаат од светски научни веб-страници, проверени и прилагодени за во нашата држава. Притоа, сите статии се поткрепени со соодветен извор, со цел читателите да се едуцираат и информираат на правилен начин.
Кон порталот „Медикал плус“ може да се пристапува преку веб-адресата www.medikalplus.mk, а со цел да останете во тек со сите новости – можете да ги заследите и на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.