Omnicom Media Group (OMG), одделот за медиумски услуги на Omnicom Group и матична компанија на агенциите OMD, PHD и Hearts & Science, отвора канцеларија на PHD во Грција.
Најавата следи по серијата значајни успеси за PHD, која постигна и најдобар нов деловен резултат (3,8 милијарди долари) и најдобра стапка на задржување клеинти (85%) меѓу сите глобални медиумски мрежи во 2024 година, додека неодамна беше прогласена и за Глобална медиска агенција на годината – втора година по ред од водечкиот американски индустриски магазин Adweek.
„Во последниве години, PHD ги редизајнираше своите операции и услуги околу платформата “Intelligence. Connected.”, обединувајќи ги луѓето, податоците и капацитетите за да понуди решенија надвор од границите на традиционалните медиуми. Тоа е пристап кој соодветствува на грчкиот пазар, каде што позитивната економска траекторија носи брз раст во е-трговијата и каде финансиски-свесните потрошувачи водени од вредност следат сложено патешествие пред да донесат одлука за купување“ – посочува извршниот директор на PHD Worldwide, Гај Маркс.
Функцијата генерален извршен директор на PHD во Грција ќе ја преземе Димитра Мастори. Со тридецениско успешно искуство на пазарот на медиумски агенции, таа се префрла на својата нова улога од Tempo OMD (исто така компанија во мрежата на Omnicom Media Group) каде што ја извршуваше фнкцијата на Директор за деловен развој и стратегија.