WARC го издаде својот прв извештај Global Ad Trends Report, со фокус на ТВ
WARC, меѓународна организација посветена на огласувањето и медиа ефективноста, го објави својот прв глобален извештај за трендовите во огласувањето, Global Ad Trends Report, кој ги сумира најновите сознанија и докажани мислења од светската огласувачка индустрија.
Првиот месечен извештај за глобалните трендови на огласувањето се фокусираше на телевизијата и ги опфаќа следниве клучни сознанија:
На ТВ отпаѓа речиси две третини од медиските вложувања во успешни кампањи со големи буџети
Податоците собрани со анализата на повеќе од 600 студии на случај во базата на податоци на WARC, покажува дека успешните кампањи со високи буџети (10+ милиони долари) издвојуваат 66% од своите медиумски вложувања на ТВ.
Покрај тоа, со зголемувањето на буџетите доаѓа до зголемување на уделот кој се насочува на ТВ. Истовремено, уделот од буџетот наменет за дигитал, во таков случај се намалува. Нискобуџетните кампањи (до 500.000 долари) издвојуваат просечно 8% на ТВ, а кампањите со среден буџет (од 500,000 до 10 милиони долари), на ТВ трошат помеѓу 25% и 60% од буџетот.
Високобуџетните кампањи и понатаму се фокусираат на ТВ, и покрај дигиталниот раст
Распределбата на буџетот за телевизија остана доследна во последниве години, со приближно две третини од вкупниот буџет. Тоа се совпаѓа со уделот на ТВ во глобалните инвестиции во огласувањето, што исто така остана стабилен во текот на набљудуваниот период.
Финансиските услуги и брендовите алкохолни пијалоци главно се фокусирани на ТВ.
TV привлекува 35% од глобалните вложувања во огласувањето
Податоците од 12 клучни пазари на WARC – Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Русија, Велика Британија и САД – кои заедно вредат околу две третини од вредноста на глобалната огласувачка трговија, покажуваат дека минатата година ТВ забележа удел од 34,9% (141,8 милијарди долари) во глобалното огласување. Врвот за ТВ беше забележан во 2010 година, со 40,5%.
Медиските агенции очекуваат пораст на вложувањата во ТВ за 2018 година
Податоците од Прогнозата за медиумската инфлација на WARC, анкетите на глобалните медиумски агенции, покажуваат дека се очекува цената на илјада прикажувања(CPM) за 30 секунди ТВ спот да порасне за просечни 5% на глобално ниво следната година.
Се очекува дека цената по илјада прикажувања во САД, најголемиот светски пазар, ќе се зголеми во согласност со глобалниот просек. На пазарите во развој, имено Индија и Кина, се предвидува да порасне многу повеќе од глобалниот просек.
Глобална анализа на медиумите: заклучоци за значењето на телевизијата
На ТВ отпаѓа: 24% од дневната потрошувачка во медиуми; 35% од глобалните трошоци за огласување; 47% од глобалното вложување во display огласувањето; 66% од успешните високо-буџетски кампањи; 88% од глобалните инвестиции во видео.
Извештајот Global Ad Trends е дел од WARC Data услугата, нова подобрена онлајн платформа која ги вклучува тековните мерила за огласување, податочни точки, трендовите на огласувањето и широка база на податоци генерирани од страна на корисниците.
WARC Data е наменет за медиумите и сопствениците на брендовите, аналитичарите на пазарот, медиските огласувачки и истражувачки агенции, како и научници, на кои им се даваат актуелни информации за огласувањето и медиумите, цврсти факти и бројки – т.н. податоци за пазарот кои се клучни за било кој процес од донесувањето на одлуки во работењето.