Италијанскиот пивски бренд Peroni лансираше нова меѓународна кампања насловена „Live Every Moment“ („Живеј го секој момент“).
Централниот спот во кампањата прикажува друштво кое ужива во медитеранската идила на Брегот на Амалфи во Јужна Италија. Спотот отпочнува со сцена на брод, на кој друштвото ужива и се смее со пиво во рака. Потоа на брегот следуваат егзибициите на еден бармен со шишиња Peroni, а на крајот од спотот, друштвото ја продолжува забавата низ улиците на градот.
Според брендот, кампањата е резултат на желбата на луѓето за слобода и опуштање после скоро 18 месеци на рестрикции врз животот ширум светот.
Кампањата е создадена со помош на британската креативна агенција Trouble Maker и продукциската куќа The Italian Job. Кампањата ќе биде спроведена на пазарите во Италија, Романија, Шпанија, Обединетото Кралство, Ирска, Канада, Австралија, Финска и Шведска.