Кабелските и телеком-операторите донеле одлука да прекинат со реемитување на сите домашни и странски телевизии, освен на јавниот сервис, дознаваме од наши извори. Одлуката за прекин на реемитувањето е веќе донесена од страна на Здружението во рамки на Стопанската комора на Македонија во кое членуваат сите оператори.
Според информациите со кои располагаме, за ваквата одлука гласале сите членки на Здружението кое брои над 40 оператори. Причината за ваквата олука е усвојувањето на измените во Законот за медиумски услуги, и тоа на денот кога се распушти Собранието.
Со овие законски измени на операторите им се наметнува обврска, под закана за материјална и кривична одговорност, да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат.
Засега нема официјална потврда, ниту демант на овие информации од Здружението за ИКТ.