Ѕирнавме во редакцијата на Бренд култура
Во последните четири години откако постои овај престижен стручен магазин, “Бренд култура“ и самиот стана бренд. Од објавувањето на ISSUU платформата, преку печатеното издание на магазинот, па се` до веб-страницата brendkultura.com, “Бренд Култура“ со сигурни чекори ги шири своите канали на комуникација. Во издание на Superbrands Хрватска, со своите различни, но професионални теми ги краси работните маси на врвните и средни менаџерски тимови на најмоќните компании на пазарот, медиумски куќи, маркетинг и креативни агенции.
Од нејзиното создавање расте и читаноста, поради големиот интерес на менаџерите кои магазинот го добиваат во рака, брендовите кои сакаат да се појавуваат во стручен магазин од овој вид, а најмногу поради огласувачите, кои се заинтересирани да се приближат до целната публика на топ хрватски менаџери.
На крајот на успешната 2018 година, разговаравме со главната уредничка на “Бренд култура“, Јосипа Челиниќ, која ни ги откри плановите за 2019 година, која се чини ќе биде уште поуспешна.
М365: Во октомври минатата година, го презедовте уредничкото место на магазинот “Бренд култура”, тогаш само печатено издание, а денес сте уредник и на веб-страницата brendkultura.com. Покрај вашето долгогодишно новинарско и уредничко искуство, дали ова за Вас сепак беше предизвик и како се снајдовте во уредничките води на тематика брендирање и брендови?
Секој нов проект и правец во кој оди мојата работа го прифаќам со радост и го сметам за позитивен предизвик. Секое ново искуство нè прави подобри, помудри и “попаметни”, па зошто да не го испробаме?! Така беше и со овај магазин. Вистина е дека по неколку години на различни гранки на новинарство во кои работев, “Бренд култура“ дојде како освежување со позитивен набој. Да се оддалечиш од веќе виденото и вообичаено, да истражуваш и пишуваш за брендирање, стручни теми на креативен начин, во магазин кој е единствен таков на пазарот … па кој би одбил?
М365: “Бренд култура“ излегува од 2015 година, а неодамна ја лансиравте и ваб страницата brendkultura.com. Колку овај онлајн канал ви отвори нови врати во соработката со брендовите и дали сеуште мислите дека печатеното издание на магазинот е онај вистинскиот, опиплив медиум кој е повеќе ценет?
И покрај популарното верување на некои дека печатените медиуми исчезнуваат и/или треба да бидат минато, верувам дека многу ќе се сложат со мене – опипливиот магазин во раце има една повисока вредност. И покрај тоа што технолошката експанзија на некој начин не` заслепи, печатот е сè уште еден од главните извори на информации, особено за стручни теми од интерес.
Од друга страна, општествените промени го прават своето, а развојот на технологијата треба да се искористи. brendkultura.com ни нуди некои нови правци на соработка и таа е на услуга на брендовите за кои пишуваме во магазинот, како нивен дополнителен канал за комуникација на нивните постигнувања, иновации и промени во работењето, за пошироката публика на крајните корисници. Континуираниот раст и интерес за нашите теми од страна на менаџерите кои магазинот го добиваат во рака, брендовите кои сакаат да се појавуваат на нашите страници, а потоа и огласувачите, не поттикна да овозможиме магазинот да дојде до уште поголем број на читатели на “Бренд култура“ и корисници на поединечните брендови. Веб-страницата ни дава поголема читаност, а на брендовите дополнителен канал за комуникација со корисниците на услуги и производи.
М365: “Бренд култура“ се смета за единствен хрватски магазин за културата на брендирање. Што навистина значи културата на брендирање, зошто е важна и дали “Бренд култура“ како стручен магазин воопшто има конкуренција во Хрватска?
“Бренд култура“ е единствениот стручен магазин кој пишува за културата на брендирање, кој зборува за успесите и неуспесите на големите познати брендови, како и оние кои се нови, ги истражува приказните кои се кријат зад брендот и неговото лого, го слави патувањето на успешните и со задоволство ги пренесува емоциите и за пофалба добрите акции и инспиративни теми. Засега, “Бренд култура“ нема конкуренција, а тешко и дека ќе има наскоро, со оглед на тоа кај нас уредувачката слобода (без ПР) и љубовта се на прво место. А кој денес ја поставува љубовта како темел на своето работење? Накратко, не се работи за тоа дали некој бренд е голем или мал, туку колку неговата приказна е инспиративна, а влијанието врз малиот човек големо, бидејќи на пазарот, како и во љубовта не може секогаш и сè да е дозволено.
М365: Во магазинот може да се пронајдат различни рубрики, како што се КУЛ бренд, КУЛ кампања, КУЛ тренд, BREND ID, вести поврзани со разни конференции, кампањи, трендови во огласувањето и слично. Која е специфичноста на одделните рубрики, по што тие се истакнуваат?
Во рубриките КУЛ бренд, КУЛ тренд и BREND ID обично пишуваме приказни за брендовите, компаниите, агенциите или поединци, кои се различни, кои се своите услуги или производи, моментално се во тренд, кои се препознаени по еден поинаков начин на работење, комуникација или нешто трето. А рубриката КУЛ кампања е рубрика која исклучиво според мислењето на нашите уредници, ја посветуваме на некоја кул кампања, кампања која е брутално искрена, која не` насмеела или која поместила некои граници на огласување. Уредништвото го сочинуваат стручни поединци кои според лични критериуми одлучуваат со мнозинство гласови, а по истиот принцип на почетокот на секоја година ги прогласуваат и најКУЛ кампањите од минатата година.
М365: Како избирате теми за одредено издание и кои критериуми се клучни за она што ќе се пишува во “Бренд култура“? Дали се водите од актуелните случувања и настани во пошироката јавност или сте исклучиво ориентирани кон професијата?
Темата на изданието секогаш се договара некако спонтано, бидејќи определени актуелни кампањи можеби само не потсетуваат на некоја голема работа на друг бренд. Во договор со уредништвото, предлагаме, селектираме и ги избираме најдобрите теми што можеме да ги подготвиме за некој од следните броеви. Секогаш сме неколку броеви пред оној кој моментално се подготвува, затоа што се трудиме секогаш да бидеме различни и да пишуваме за она што можеби досега не се пишувало, да информираме, едуцираме и забавуваме. Да, актуелни сме, но само ако тоа е во склоп на нашата тема на изданието. Секогаш даваме приоритет на вистинските вредности и добрите потфати.
М365: На кој начин брендовите “заслужуваат” да се пишува за нив во “Бренд култура“, имате ли некаков систем за селекција?
На неколку настани на “Бренд култура“ кои досега се одржани под покровителство на Superbrands Хрватска, ги поканивме брендовите да не се јавуваат, да предлагаат теми кои би сакале да ги пласираат во нашиот магазин, теми кои би сакале да ги спознае јавноста како дел од нивниот бренд; бидејќи не е сè во бројките и профитот, емоцијата на добра и инспиративна сторија е еден од највредните елементи на брендот и на крајот на добар текст.
Систем на селекција секогаш постои, а тоа е едноставна желба да се избере добра приказна, да помогнеме кул проектите да не поминат незабележано и вистинската работа, квалитет, емоција и храброст бидат наградени, макар само со редови во нашиот магазин. Нема многу критериуми, или тие се сосема јасни, но веќе четири години на автентичност, без копирање и полнење на страниците со ПР текстови, негување на слободен стил без здодевно пишување, убав и прегледен дизајн, е потврда и пофалба за “Бренд култура“ од страна на бројни брендови и поединци кои сакаат повторно да се најдат во нашиот магазин.
М365: Можете ли да издвоите бренд, соговорник на интервју или тема на магазинот од кои сте најмногу импресионирани и зошто?
Сакам да пишувам, ја сакам мојата професија, а уште кога пишувам за работи кои имаат позитивен ефект на повеќе нивоа, среќата е уште поголема. 17-тото издание на Бренд култура со тема на бројот – КРШЕЊЕ ПРАВИЛА, е сигурно едно од изданијата кое го работев со голем елан. Овој број се разбира има позитивна конотација, а во подготовката, со голем труд, успеавме да сумираме неколку брендови кои со поместување на границите, најмногу не` одушевија. Агенција која како темел на своето работење ја има љубовта, компанија која воведува 4-дневна работна недела, кампања која покажува вистински човечки тела и секојдневни животни ситуации, или примери за брендови кои со нивното работење негуваат соживот на човекот и природата, се само некои од темите кои покажуваат, накратко, дека ако постои волја, постои и начин.
М365: Сите текстови во “Бренд култура“ се авторски. Објавувате ли класични ПР текстови или строго ги избегнувате? Кои се луѓето кои стојат зад вашите текстови?
Она што можам да кажам со сигурност е дека ПР текст нема да видите на нашите страници; иако тој може да не наведе на трага на некои добри стории кои потоа се истражуваат, го претресуваме секој детал или бареме соговорници, објавуваме само авторски текстови во магазинот или на нашата интернет страница. Токму со авторските текстови кои негуваат личен стил на секој автор , кои се појавуваат на нашите страници, сакаме да останеме автентични и да бидеме препознаени по вредностите кои ги негуваме. Исто така, во зависност од темите кои ги покриваме, автори на текстовите не се само новинари, туку и соработници од агенција Dhar во која се создаваат овие бренд страници, со нагласок на професионалци од повеќе области, раководители на различни сектори, компании, претприемачи, итн. Нудиме можност и за студентите кои сакаат да се обидат во светот на печатените медиуми и ги поучуваме за пишување позитивни и стручни теми кои на крајот некој ќе ги прочита.
М365: Кои се вашите планови за 2019 година, дали ќе има некои новости поврзани со самиот магазин и кои интересни теми можеме да ги очекуваме во наредните броеви?
Планот е во 2019 година да останеме доследни на себе! Верувам дека во наредните пет броеви секој ќе може да пронајде некои интересни теми за читање, без разлика дали за приватни или професионални причини. Страниците ќе ги полнат стории и интервјуа, истражувања и вести за големите брендови кои инспирираат со своите успеси, за некои нови храбри бизнис потфати, психолошката страна на индивидуални одлуки, за храна, убавина, технологија и друго. “Бренд култура“ секогаш има ас во ракавот и затоа слободно опуштете се и уживајте во нашите изненадувања.
М365: И за крај, Вашата новогодишна желба за добар почеток на годината е …?
За добар магазин ни требаат добри соговорници, а за некои теми, се осмелувам да кажам, како да нема доволно храброст за комуникација. Се разбира повеќето комуникации, особено во големите компании, зависат од неколку степени на надлежност и правила во рамките на компанијата, но големината на некој се гледа и во неговото признание и справување со грешките. Па зошто да речеме, не би пишувале за најголемите fuc*k up брендирања? Затоа на големите брендови ќе им посакам малку повеќе храброст, на новите брендови ветер во грб, а на сите заедно успешна и инспиративна 2019 година. Brend kultura be with you! :)