Од 26-ти до 28-ми септември 2019 година, градот Скопје ќе биде домаќин на 18-тата по ред меѓународна конференција организирана од Меѓународното здружение за подобрување на ефикасноста – International Society for Performance Improvement (ISPI).
Основано во 1962 година, ISPI е водечко меѓународно здружение посветено на подобрување на продуктивноста и перформансите на работното место. Голем број на организации и нивни вработени кои работат во различни бизнис сфери како менаџери на човечки ресурси, консултани за организациски развој, проект менаџери и многу други, се членови на здружението.
Конференциите ISPI EMEA низ годините се имаат одржано во повеќе градови како Гетеборг, Болоња, Лисабон, Варшава, Истанбул, Бон а сега за прв пат и во Скопје.
Ова е можност за сите оние кои што имаат желба, а досега не присуствувале на некоја од конференциите, да земат учество на овогодинешната конференција, да чујат дискусии на признати професионалци од регионот и да направат нетворкинг со врвни професионалци кои ќе пристигнат од целиот свет.
Подетални информации за конференцијата можете да погледнете ТУКА.