Меѓународниот фестивал за креативноста White Square, еден од меѓународно признатите фестивали во професионалната заедница ширум светот, кој годишно обединува претставници на агенции и брендови од повеќе од 35 земји, го објави жирито за “MARKETING & DIGITAL”. Во него ќе учестуваат искличителни поединци од сферата на маркетингот и комуникациите, добитници на бројни награди од областа на креативноста, како и искусни жирирачи на водечките меѓународни фестивали за креативност и ефикасност.
Оваа година, пријавените проекти ќе бидат евалуирани од страна на шест меѓународни жири-комисии, и тоа за: Creative; Branding; Marketing & Digital; Media; Craft; и Mass Media.
Жирито за “MARKETING & DIGITAL” ќе ги оценува пријвените проекти во натпреварите за маркетиншка ефективност, маркетинг услуги и примената на дигиталните технологии, вклучувајќи ги категориите: Marketing Effectiveness; Brand Experience & Activation; PR, Direct; Campaigns: Sectors; Innovations; Digital; Mobile; Social & Influencer; Creative Data, како и новата категоријата Creativity Driven Transformation.
Главните критериуми за евалуација на пријавените проекти се креативната идеја и нејзината реализација. Во натпреварите за ефективност, еден од клучните критериуми ќе биде ефикасноста на креативните решенија. Високото ниво на жирирање, професионалната компетентност и непристрасноста во оценувањето на проектите се еден од најсилните аспекти на фестивалот White Square.
Наградите на фестивалот се високо ценети од агенциите и авторите на креативни проекти ширум светот, бидејќи учесниците добиваат професионална оценка од меѓународното жири и инспирација за развој во креативната индустрија.
Победничките проекти на фестивалот White Square 2024 ќе бидат објавени во бројни индустриски медиуми ширум светот, помагајќи во промоцијата на агенциите и најдобрите идеи меѓу светската креативна заедница.
Проектите можат да се пријавуваат онлајн во 243 номинации, кои го покриваат целиот спектар на маркетингот, комуникациите, брендирањето и креативните индустрии, до 3 мај, со намалени котизации за учество до 31 март. Повеќе информации за номинациите, критериумите на оценување и техничките барања, се достапни во прирачникот за пријавување на следниот ЛИНК.