Овие 11 огласувачки лидери од целиот свет ќе се соберат во Лисабон во септември
Меѓународниот огласувачки фестивал во Лисабон (Lisbon International Advertising Festival), чија што цел е годишно да ги награди најдобрите огласни кампањи од целиот свет и да расправа за најважните теми во индустријата, ги објави имињата на членовите на третото издание на фестивалот кој ќе се одржи во септември:
- Ева Сантос – Global Chief Creative Officer of Proximity Worldwide
- Луис Силва Диас – Chairman FCB Portugal and Chief Creative Officer of FCB International
- Хозе Антонио Гонсалвес – Experience Architect Lead of Accenture Interactive
- Мајк Венте – Chief Creative Officer of VML North America
- Корина Фалуси – Chief Creative Officer & Partner Mother New York
- Џејмс Темпл – Executive Vice President & Chief Creative Officer R/GA EMEA
- Хуго Родригес – Chairman & CEO of WMcCann
- Илкеј Гурпинар – Chief Creative Officer TBWA/Istanbul
- Аласдхар Макгрегор – Vice President & Executive Creative Director of International Clients of BETC
- Лиза Де Бонис – Executive Digital Director & Partner of Havas London
Организаторите на фестивалот претходно го најавија Ајаз Ахмед, основач и извршен директор на меѓународно наградуваната агенција AKQA, како претседател на жирито.
Овие 10 членови на жирито ќе му се приклучат на Ајаз Ахмед во Португалија овај септември, за да можат лично да ги оценат пријавените кампањи, но и да одржат предавања на фестивалот, каде ќе дискутираат за најрелевантните теми кои влијаат на рекламната индустрија на глобално ниво.
Регистрациите за третиот Меѓународен огласувачки фестивал во Лисабон веќе се отворени, а агенциите, брендовите и продукциските куќи што ќе направат рани пријави можат да искористат 15% попуст за своите регистрации.