При креирањето на својата најнова кампања, Мекдоналдс имаше две опции, целосно нов дизајн или да работи со она што го имаат и ја покажуваат својата магија. Со избирање на втората опција, брендот најде едноставен начин да им помогне на потрошувачите подлабоко да се поврзат со храната што ја јадат.
Со помош на креативната агенција DDB Colombia, кампањата „Say It With McDonald’s“ ги повикува потрошувачите да ги споделат своите емоции, користејќи ја само амбалажата за храна на брендот, поставувајќи ја под различни агли.
Кампањата произлезе од сознанието дека логото на Мекдоналдс е меѓу 10-те најпрепознатливи симболи во светот. Разгледувајќи како ова признание да се претвори во позитивна асоцијација, Мекдоналдс ги искористи своите класични златни лакови за да ги напише зборовите како „yummy“, „crush“, „brunch“ или „b-day.“
„Инспирирани од моментите од секојдневниот живот и нивните спонтани несовршености, баравме совршен агол за да ги покажеме сите тие добри моменти со еден збор“, рече Џон Раул Фореро, претседател и главен креативен директор на агенцијата DDB Colombia.
Фотографиите за кампањата ги направи познатиот фотограф Але Бурсет, чија мисија беше да ги спои позитивните моменти со храната на Мекдоналдс.
Фотографиите ќе се појават во ресторани, автобуски постојки и билборди, како и на дигиталните медиуми каде што е присутен Мекдоналдс.
Разбирајќи ја исклучителнната препознатливост на брендот и можноста да го искористат тоа, за новата кампања Мекдоналдс користеше стандардна амбалажа, со цел потрошувачите да ги поврзат своите најдраги моменти со храната на овој бренд.