Новото име, Microsoft Визија: Reloaded кажува се: освежување во однос на содржината, гостите, надополнета со енергијата и ентузијазмот кои беа вложени во организација на овој најголем настан кој ги поврза ИТ индустријата, деловниот, образовниот и јавниот сектор.
Повеќе од 350 гости од домашниот и меѓународниот ИТ и бизнис свет во текот на двата дена ги слушаа врвните предавачи и уживаа во уникатната атмосфера и одличната организација.
За Microsoft Визија: Reloaded, Меккен создаде оригинално лого и целосно нов визуелен идентитет, креираше нови содржини и комуникациска платформа преку која за конференцијата се слушна надалеку:преку 130 медиумски објави, повеќе од 350 посетители и многу медиумски и други партнери.