Речиси три децении откако е снимен култниот филм, Меколи Калкин повторно го глуми Кевин во најдобрите сцени од филмот и го “оживеа“ филмот “Сам дома“.
Станува збор за новата реклама на Google во која Кевин е повторно сам дома, но овај пат ги има Google Assistant уредите – Home Mini, Home Hub и Pixel смартфонот.
Продуцентите на рекламата се погрижиле сите детали на сценографијата да бидат потполни исти како во филмот, а фановите сметаат дека ниту Калкин не е многу поразличен од кога бил 8 годишно дете.
Рекламата на Гугл за само неколку часа достигна 13 милиони прегледи, а социјалните мрежи “горат“ од воодушевувачки коментари, затоа што кај многумина реклмата разбуди неверојатна носталгија.
https://www.youtube.com/watch?v=xKYABI-dGEA