Автомобилскиот бренд Mercedes-Benz објави необична реклама во која ги претставува безбедносните карактеристики на своите автомобили преку драматична приказна за едно момче и златна рипка.
Рекламата започнува со момче кое се досадува на куќна забава. Момчето се одлучува да влезе во една темна соба, во чиј центар се гледа убав аквариум за риби. После една, не баш фина, интеракција со златната рипка во аквариумот, момчето добива идеја да посегне во аквариумот и да ја извлече рибата.
Меѓутоа, тогаш се појавуваат пријателите на златната рипка – неколку поголеми риби, кои се надувуваат и успеваат да го исплашат момчето во своите намери. Рекламата ја истакнува потребата за заштита на најблиските, дури и ако тие се риби.
Необичната реклама е создадена со помош на агенцијата Antoni и продукциската куќа Bwgtbld Gmbh.