Германскиот автомобилски бренд Mercedes-Benz лансираше две нови Божиќни реклами за американскиот пазар.
Во првата реклама гледаме како Баба Мраз со помош на своето теренско возило од Mercedes успева навремено да однесе едно мало куче до Дедо Мраз, кое што тој го заборавил, а всушност треба да го подари на едно девојче.
https://www.youtube.com/watch?v=QA7lsMUXcL0
Втората реклама претставува реинтерпретација на приказната “A Christmas Carol” од Чарлс Дикенс, во која еден дух на друг човек му ја покажува еволуцијата на патниот транспорт: од минатото со кочии по калливи и валкани улици, преку денешницата на заглавени автомобили кои го загадуваат воздухот, до оптимистичката чиста иднина на електрични автомобили.
https://youtu.be/z2nhEEYyNAQ
Рекламите се создадена во соработка со креативната агенција Merkley+Partners и продукциското студио Biscuit Filmwork.
















