Германскиот автомобилски бренд Mercedes-Benz го навлече гневот на кинеските медиуми и интернет корисници поради шминката на нивниот модел во нова реклама, пренесува новинската агенција Bloomberg.
Рекламата била објавена преку официјалниот профил на компанијата на кинеската социјална мрежа Weibo, но по критиките таа била отстранета.
„Шминката на женскиот модел изгледаше како закосени очи и уште еднаш поттикна вжештена дискусија меѓу интернет корисниците, многумина од кои обвинија дека шминката ги одразува западните стереотипи за азиските луѓе“ – пишува дневниот весник Global Times, кој е под покровителство на Кинеската комунистичка партија.
🔻 screenshots of the Mercedes ad that caused a backlash in China
2/n pic.twitter.com/JrPD0XkOIt
— Byron Wan (@Byron_Wan) December 29, 2021
Моделот во прашање пак, е жена од кинеска националност по име Чај Нијанг Нијанг, која во рекламата носела шминка која ја нагласува закосеноста на нејзините очи.
По повод целата контроверзија се огласи и самата Нијанг Нијанг, која посочи: „Со мали очи, јас ли не сум кинескиња? Јас целосно се согласувам со патриотизмот. Меѓутоа, создавањето на голем проблем од нормални работи стана морбидна опсесија“.
Неодамна, францускиот моден бренд Диор исто така беше мета на кинеската јавност поради фотографија која прикажува модел со азиско потекло во традиционална кинеска облека која држи чанта на Диор. Фотографијата тогаш се најде на удар на медиумите поради нејзините „страшни очи, мрачно лице и украси за нокти во стилот на династијата Чинг“.