Некои од светски најистакнатите професионалци за Односи со јавноста и за комуникации по четврт пат ќе се сретнат во Истанбул од 16-17 февруари за да ги дискутираат најновите предизвици и трендови во глобалниот свет на Односи со јавноста, кој брзо се менува.
Global PR Summit Istanbul 4 ќе вклучува предавање за предизвиците на одржување добра глобална репутација во време на постојана криза од Мери Џо Џејкоби, Железната дама на Односите со јавноста и поранешниот заменик-претеседател за комуникации во BP America за време на пролевањето нафта во Мексиканскиот Залив.

На најважниот настан за Односи со јавноста во 2017 год. исто така ќе се обрне големо внимание на мерењето Односи со јавност, претворањето податоци во знаење, значењето на мерењето и аналитиката, како и подготовката за протекување податоци и развивање на содржина на Односи со јавност, која лесно се восприема.
Целосната листа на говорници на настанот ги вклучува:
- Патрик Џефсон, поранешен генерален секретар на Принцезата Дијана, најпродаван автор на New York Times
- Мери Џо Џејкоби, претседателски советник на САД, корпоративен директор, стратег, поранешен комуникациски директор, HSBC, Lehman Brothers, Royal Dutch Shell и BP America
- Пирс Шрајбер, меѓународен експерт за комуникација, Estragon, порнаешен заменик-претседател за комуникации, Jumeirah Group
- Мухамад Карим, директор за развој и партнерства, TRT World
- Елејн Камерон, футурист и директор, FUTURE Perspective Group, Европа, Блиски Исток и Азија, Burson- Marsteller
- Калед Исмаил, регионален заменик-претседател за комуникации, Tetra Pak
- Џудит Магјар, директор за комуникации, SAP
- Алекс Малоф, менаџер за корпоративни комуникации, P&G
- Џеспер Андерсен, член на AMEC (Интернационална асоцијација за мерење и евалуација на комуникацијата) и советник за Односи со јавноста, социјални мрежи и мерење, Quantum Public Relations
- Андреас Келер, извршен директор, Блиски Исток и Северна Африка, Weber Shandwick
Билетите со попуст за Global PR Summit Istanbul 4 се достапни само до 16 декемвири и може да се купат на официјалната интернет-страница за настанот:
http://www.thepworld.com/pevents/event/140/global-pr-summit-istanbul-4
Global PR Summit Istanbul 4 го организира P World, еден од светските водечки организатори на настани со присуство во 30 земји во светот.