Како што расте возбудата во пресрет на Европското фудбалско првенство ова лето, новата кампања на брендот за спортска опрема Adidas фрла светлина на тоа како меѓународниот фудбал внесува дополнителен притисок во играта на секој играч.
Надоврзувајќи се на своите напори за охрабрување на спортистите кои се соочуваат со голем притисок и очекувања, новиот рекламен спот на Adidas, насловен „You Got This“, има за цел да ги потсети фудбалерите ширум светот каде започнала нивната љубов кон играта и како соништата можат да станат реалност кога ќе бидат поддржани од фановите.
Во спотот се појавуваат повеќе фудбалски ѕвезди, вклучувајќи ги Лионел Меси, Џуд Белингам, Џанлуиџи Донарума, Џовани Рејна, Усман Дембеле и Педри. Рекламата е проследена со нарација на Дејвид Бекам и песната “Under Pressure” од Queen и Дејвид Боуви.
„Сакаме да ги славиме и да ги поддржиме нашите играчи пред големото фудбалско лето, бидејќи тие продолжуваат да ја инспирираат новата и претстојната генерација на спортисти. Оваа кампања служи за да нè потсети дека притисокот може да се почувствува на кое било ниво, без разлика на дотогашните признанија или достигнувања. Нашата амбиција останува да помогнеме да се разоружа негативниот притисок во спортот и да ги охрабрабриме играчите, елитни и почетници, да се поврзат со она што ја разгорило нивната љубов кон играта“ – истакнува Флоријан Алт, заменик-претседател за глобални бренд комуникации во Adidas.