Германскиот бренд за спортска опрема Adidas ја лансираше својата нова кампања по повод претстојното Светско фудбалско првенство, насловена “Family Reunion” („Семејна собиранка“).
Во спотот гледаме повеќе фудбалски ѕвезди како Лионел Меси, Карим Бензема, Сон Хјонг-мин, Педри, Џуд Белингам и Серж Гнабри, како живеат во иста куќа под заедничкиот покрив на брендот Adidas. Секој од фудбалерите си го внесува сопствениот дух во активностите што се случуваат во живеалиштето, но сите се обединети во едно нешто – љубовта кон фудбалот.
Во последната сцена на спотот, фудбалерите ги гледаме како чекаат автобус кој што го вози популарниот британски рапер Стормзи, инаку наратор на спотот и уште еден член на семејството на Adidas.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција TBWA.