Технолошкиот гигант Meta, неодамнешен Facebook, ја назначи агенцијата Spark Foundry од групацијата на Publicis за своја нова глобална медиска агенција.
Ова е резултатот на медиската ревизија која компанијата ја започна уште во март, а ја водеше консултантска компанија за менаџмент ID Comms.
Во борбата за медискиот договор на Meta, покрај Spark Foundry, учествуваа и агенциите Mindshare, Dentsu и Havas Media.
Spark Foundry отсега ќе биде задолжена за медиско планирање и закуп за сите брендови на Meta, вклучувајќи ги социјалните мрежи Facebook, Instagram и WhatsApp.
Според проценките, медискиот договор на Meta е вреден околу 750 милиони долари, со тенденција за негово натамошно растење.