Технолошкиот гигант Meta, поранешен Фејсбук, го направи најголемиот чекор кон метаверзумот досега.
Компанијата соопшти дека својот виртуелен свет наречен “Horizon Worlds” го отвора за јавноста, поточно за сите жители на САД и Канада кои навршиле 18 години. Претходно, виртуелниот свет беше достапен само за избрана група на тестери кои добиле покани за учество. Кога “Horizon Worlds” ќе бидат достапни глобално, останува да видиме.
Во овој виртуелен свет, корисниците ќе усвојат сопствен аватар и ќе можат да истражуваат сé што нуди виртуелниот свет, вклучувајќи да пловат по виртуелна река и да летаат по виртуелното небо. Тие ќе можат да стапуваат во интеракција со други луѓе, а ќе можат да играат и тимски игри.
Meta најави и нова механика за својот виртуелен свет со цел уште повеќе да го подобри искуството за корисниците. Компанијата исто така ќе им овозможи на креаторите да развиваат сопствени игри и искуства во рамки на виртуелниот свет, кои ќе можат да ги споделуваат со другите корисници.