Независно од тоа дали сметате дека е исправно или не, „уметноста“ создадена од вештачка интелигенција станува сé понапредна и попопуларна.
Технолошкиот гигант Meta сега најавува дигитална алатка базирана на вештачка интелигенција која ќе може да создава видеа од текстуален опис – не само неподвижни слики како досега!
Алатката е наречена “Make-A-Video”, а корисникот единствено ќе треба да внесе неколку зборови или краток опис, да почека некое време и да го добие готовото видео според неговата идеја.
За да ја покаже способноста на својот нов модел, Meta создаде неколку тест видеа и GIF-анимации според различни сценарија, вклучувајќи плишано мече кое бои слика со прицврстена вистинска рака, куче кое јади сладолед, астронаут кој лебди во вселената, еднорози кои се тркаат по плажа и балерина на врвот на облакодер.
Според Meta, алатката засега ќе може да произведува само кратки, иако висококвалитетни сцени, како и да да анимира неподвижни слики.
Алатката сé уште е во фаза на тестирање, односно не може да се користи од јавноста. Меѓутоа, Meta веќе лансираше специјална веб-страница постевена на оваа нова алатка базирана на вештачка интелигенција, достапна на следниот линк.