За прв пат во својата историја, Мета објави пад на приходите во споредба со истиот период минатата година. Причината се лоцира во стравовите на огласувачите од инфлацијата, како резултат на што се намалуваат инвестициите во дигитално огласување.
Според Ројтерс, технолошкиот гигант очекувал нивната заработка во третиот квартал да падне уште повеќе на меѓу 26 и 28,5 милијарди американски долари, наместо претходно проценетите 30,52 милијарди американски долари според аналитичарите, што би сигнализирало втор квартален пад на компанијата во однос на претходната година.
За вториот квартал од оваа година, кој заврши на 30 јуни, продажбата на дигитално охласување од Мета – што го сочинува скоро целиот нивен приход – падна за 1% на 28,8 милијарди американски долари, што е намалување во однос на бројката од 29,1 милијарди американски долари минатата година.
„Се чини дека влеговме во економска криза што ќе има широко влијание врз бизнисот со дигитално огласување. Секогаш е тешко да се предвиди колку длабоки или долги ќе бидат овие циклуси. Но, би рекол дека ситуацијата изгледа полоша отколку пред еден квартал “ – изјавил извршниот директор на Мета, Марк Зукерберг, за време на конференциски повик.
За да се бори против опаѓачките бројки, Зукерберг рече дека компанијата „постојано ќе го намалува растот на вработувањата во текот на следната година“, со надеж дека ќе се сработи повеќе „со помалку ресурси“, иако не беа дадени конкретни детали.