Американскиот технолошки гигант Мајкрософт има рок до 15 септември за да ја купи социјалната мрежа ТикТок на кинеската компанија ByteDance. Мајкрософт вети дека со купувањето на ТикТок ќе осигура сите приватни податоци на американските корисници да бидат трансферирани и да се чуваат во рамки на Соединетите Американски Држави.
Неодамна, американскит претседател Доналд Трамп најави дека ќе го забрани ТикТок поради „национален безбедносен ризик“, обвинувајќи ја платформата за неовластено собирање на кориснички податоци и шпионажа врз американските граѓани.
Меѓутоа, претседателот ја одложи својата одлука по разговор со генералниот извршен директор на Мајкрософт, Сатија Надела, согласувајќи се да им даде 45 дена на Мајкрософт и БајтДенс за да постигнат купопродажен договор во однос на ТикТок.