Microsoft сака да го додаде LinkedIn кон својата професионална мрежа.
Според заедничкото соопштение кое го објавија двете компании, Microsoft ќе го превземе LinkedIn за 26.2 милијарди долари, односно 196 долари по акција. Актуелниот CEO на LinkedIn Џеф Вејнер ќе остане на позицијата, но ќе одговара на Сатја Надела, CEO на Microsoft.
“LinkedIn тимот разви фантастичен бизнис базиран врз поврзувањето на професионалците од светот,” изјави Надела. “Заедно можеме да го забрзаме тој развој на LinkedIn, како и Microsoft Office 365 и Dynamics во обид да ја поттикнеме секоја личност и организација на планетата.”
Според соопштението, Вејнер и ко-основачот на LinkedIn и досегашен мнозински акционер Рид Хофман заеднички ја поддржуваат зделката, која се очекува да биде комплетирана на крајот од годината. Бордовите на директори на двете фирми едногласно го одобрија договорот.
“Денес како LinkedIn да беше повторно основан. Гледам огромни можности за нашите членови и клиенти и безрезервно го поддржувам овој нов и заеднички бизнис,” изјави Хофман. “Целосно ја поддржувам оваа трансакција и одлуката на бордот да ја прифати, и ќе гласам според нивните препораки.”
Еве видео од Надела и Вејнер како разговараат за новиот договор: