Со берзанска вредност од 2,45 трилиони долари, технолошкиот гигант Microsoft го престигна Apple како највредна компанија во светот. Вредност на Apple во истиот момент на тргување изнесувала 2,41 трилион долари.
Apple оствариле дефицит од 6 милијарди во четвртиот квартал од својата фискална година, иако продажбата на iPhone се зголемила за 47 проценти во однос на претходната година.
Како причини за падот на Apple се наведуваат проблеми во синџирот на снабдување, кои пак се очекува дополнително да се влошат во следниот квартал.
Од друга страна, пак, Microsoft објавиле 22 проценти поголеми приходи во текот на првиот фискален квартал во споредба со истиот период минатата година, што претставувал најголемиот раст на компанијата од 2018 година.
Од Microsoft очекуваат да ја задржат својата стабилност до крајот на календарската година, иако и тие предвидуваат одредени проблеми поврзани со синџирот на снабдување.