Технолошките компании Microsoft и OpenAI влегуваат во нова фаза од нивната заедничка мисија да ја „демократизираат вештачката интелигенција“ и да ја доближат до пошироката јавност.
Ва јавно соопшение, Microsoft го објави отпочнувањето на третата фаза од своето партнерство со истражувачката компанија за вештачка интелигенција OpenAI – позната како креатор на популарните платформи за генеративна вештачка интелигенција ChatGPT и DALL-E 2.
Партнерството ќе биде фокусирано на „повеќегодишни инвестиции во вредност од повеќе милијарди долари за забрзување на пробивот на вештачката интелигенција, со цел да се осигура дека овие придобивки ќе бидат широко споделени со светот“.
Оваа најнова фаза во соработката меѓу двата технолошки брендови ќе биде насочена кон поддршка на „развојот и распоредувањето на специјализирани суперкомпјутерски системи“, интегрирајќи ги „моделите на OpenAI низ производите [на Мајкрософт] наменти за потрошувачи и претпријатија“. Притоа, сервисот Microsoft Azure ќе ја добие улогата на ексклузивен давател на клауд-услуги на OpenAI.
„Го формиравме нашето партнерство со OpenAI околу заедничката амбиција за одговорно унапредување на најсовремените истражувања за вештачката интелигенција и демократизирање на вештачката интелигенција како нова технолошка платформа. Во оваа следна фаза од нашето партнерство, програмерите и организациите низ индустриите ќе имаат пристап до најдобрата инфраструктура за вештачка интелигенција, модели и синџир на алатки со Azure за да ги градат и користат нивните апликации“ – истакна Сатја Надела, претседател и главен извршен директор на Microsoft.