Минатата недела, пребарувачот со вештачка интелигенција Bing на Microsoft беше отворен за користење од целокупната јавност, ставајќи крај на листите за чекање. Меѓутоа, само неколку денови пред тоа, компанијата објави блог-пост во кој го најави воведувањето на реклами во својот четбот со вештачка интелигенција.
Во текстот насловен “Поттикнување поголем сообраќај и вредност за издавачите од новиот Bing”, корпоративниот потпретседател на Мајкрософт, Јусуф Мехди, ги образложи начините на кои новиот четбот ќе придонесува кон поголем сообраќај за изадавачите на вести.
Истовремено, кон крајот на текстот, Мехди го посочи и следното: „Исто така, истражуваме поставување реклами во искуството на разговор (т.е. четот), за да ги споделиме приходите од реклами со партнерите чија содржина придонела кон одговорите во тој разговор.“
Врз основа на досегашните сознанија, рекламите се наоѓаат во тест фаза и се појавуваат во разговорите со четботот на само еден дел од корисниците. Притоа, тие изгледаат како мал линкуван син текст кој се појавува горе десно до определен збор – во истиот формат како што се обележуваат фусноти.
Bing Chat now has Ads!
It’s going to be fascinating to see how the unit economics of Ads in language models will unfold and affect search advertising.
1/3 pic.twitter.com/o5YjRjikOP
— Deedy (@debarghya_das) March 29, 2023
Останува нејасно дали овие „фусноти“ се изворот на приложените информации или дали компаниите ќе плаќаат за да имаат реклама поставена до содржината поврзана со одредено пребарување.
Во неодамнешна изјава за магазинот The Verge, директорката за комуникации на Microsoft, Кејтлин Роулстон, изјавила дека ќе има „вариетет“ во тоа како ќе се прикажуваат рекламите додека трае тестирањето.
Останува да видиме кое ќе биде конечното решение на Microsoft за пласирање реклами во својот пребарувач со вештачка интелигенција Bing.