Агенцијата со долгогодишно регионално искуство ги зајакнува своите креативни редови во Хрватска
Михаела Павловиќ е новиот креативен директор на маркетинг агенцијата Futura DDB. Михаела зад себе има повеќе од 20 години искуство во комуникациската индустрија, а креираше кампањи за водечки брендови, со посебен фокус на финансиската и прехранбената индустрија. Пред да се приклучи на агенцијата Futura, искуство стекна како во претприемнички води, така и во агенциите Digitel и McCann.
„Горда сум што имам можност да го водам креативниот тим на Futurа DDB и да создавам нови, подобри, уште непостоечки светови за клиенти како McDonald’s, Studenec, Electrolux, Mömax и други. Но, уште повеќе сум горда и среќна што можам да работам со така креативни, паметни и вредни луѓе. Тие најдобро ги претставуваат вредностите за кои верувам дека се основата и суштината на секој успех. Токму овие вредности сакам да ги зачувам, развивам и интегрирам во сè што правиме овде. Ќе ја искористам оваа прилика во Futura DDB, пред сè, да дадам поддршка и инспирација на мојот тим и на моите колеги“, изјави Михаела Павловиќ.
Futura DDB има долгогодишно искуство во соработката со водечките брендови на пазарот, а својот успех го заснова како на креативноста, така и на ефикасноста. Агенцијата е основана како дел од групацијата Futura DDB од Љубљана, која е прогласена за агенција на годината во Словенија во 2021 година, а ја предводи директорот Марко Вичиќ.