Родените во периодот од средината на 1980-тите до средината на 1990-тите, познати како милениумци и родените помеѓу средината на 1990-тите до средината на 2000-тите години, познати како генерација “Z”, се многу свесни дека четвртата индустриска револуција го обликува работното опкружување и чувствуваат дека постои потенцијал за луѓето да се ослободат од рутинските активности и повеќе да се фокусираат на креативната работа. Сепак, многу од овие промени не се лесни, покажува седмото истражување за милениумците спроведено од стана на Deloitte – „Millennial Survey 2018“. Студијата вклучува 10.455 милениумци од 36 земји и 1.844 испитаници припадници на “Z” генерација, од шест земји.
17% од сите анкетирани милениумци и 32% од оние чии организации веќе ја користат технологијата на четвртата индустриска револуција, чувствуваат страв од работите или сите операции кои ќе бидат заменети. Исто така, помалку од 4 од 10 милениумци и 3 од 10 припадници на генерација Z , чувствуваат дека имаат вештини кои ќе бидат потребни за да се постигне успех и бараат работа која ќе им помогне да се подготват за новата ера. Сепак, младите професионалци особено сакаат да изградат “soft skills“, како што се самодоверба, меѓучовечки вештини… а за припадниците на генерацијата “Z“, етиката и интегритетот се особено важни.
Според нив, компаниите не одговараат на нивните потреби за развој. Само 36% од милениумците и 42% од припадниците на генерацијата “Z“ велат дека нивните работодавци им помагнале да ги разберат и да се подготват за промените кои ги носи четвртата индустриска револуција. Меѓу милениумците, 43% сакаат да ја напуштат својата компанија во следните две години, додека само 28% би останеле повеќе од пет години. Милениумци кои сакаат да ги напуштат своите работодавци во текот на следните две години, 62% од нив сметаат дека привремени работни места се одржлива алтернатива за работата со полно работно време. Лојалноста е уште помала меѓу припадниците на “Z” генерацијата, со 61% од оние кои би ја напуштиле сегашната работа во наредните две години доколку добијат подобра понуда.
Значи, како работодавците да ги задржат младите таленти? И милениумците и припадниците на генерација ‘Z’ им даваат приоритет на факторите како што се толеранција и инклузивност, почитување и различни начини на размислување. Добрата плата и корпоративната култура ги привлекуваат припадниците на генерација “Z” и милениумците, но разновидноста, инклузијата и флексибилноста се клучните за да ги задржат. Меѓу милениумците и припадниците на генерацијата Z кои се изјасниле дека имаат намера да останат со нивните тековни работодавачи најмалку пет години, 55% забележуваат поголема флексибилност во своите работни места во споредба со тоа како што било пред три години.