Колумна на Ендру Снидер, подпретседател за Content Strategy and Solutions во Yahoo, првично објавена на AdWeek
Шансите се дека следното видео кое ќе го гледате ќе биде на вашиот мобилен телефон или таблет. Рекорден број на гледачи се префрлаат на овие уреди секој ден за да гледаат некој смешен клип постиран од нивните пријатели или се вклучуваат да гледаат спортски натрпевар во живо.
Прегледувањето на мобилни видеа забележа двоцифрен раст оваа година, дури 55% на смартфони и 48% на таблети. Дури и со некои недостатоци како помали екрани, лимитирано траење на батеријата, и трошокот на интернет сообраќај, милениумците уште еднаш се предводници кога се во прашање мобилните видеа. Всушност, 95% од овие млади гледачи гледаат видео на нивните мобилни уреди барем еднаш неделно. А, овие брзо-минувачки гледачки навики значат големи промени за маркетерите.
Значи, која е вистинската ‘игра’ кај мобилните видеа, и како брендовите да ги поврзат точките? Влоговите никогаш не биле повисоки, а гледачите сакаат се’ повеќе да добиваат од ова искуство. Во оваа нова околина, маркетерите сакаат да знаат како да ги адаптираат нивните стратегии. Се започнува со ставањето на корисникот на прво место. Прво, пократките реклами победуваат.
Потрошувачите ги рангираа кратките реклами (30 секунди или помалки) како најважна особина на квалитетно рекламно видео искуство. Додека ова можеби не звучи изненадувачки, трипати поверојатно е тие да ја запазат должината на рекламата, во споредба со потребата содржината на рекламата да биде поврзана со нивните интереси. Ова може да значи менување на начинот на игра, бидејќи милениумците, многу важна публика за многу маркетери – е многу поверојатно да ги запазат видео рекламите на нивните смартфони, во споредба со другите публики. Со оваа група, мислењето дека мобилните се на прво мест е критична.
Но, не е само свет на мобилни. Не треба да се заборави дека потрошувачите користат неколку различни уреди секој ден и тие очекуваат да гледаат содржини на тие екрани. За маркетерите, cross-device кампањите може да водат кон повисок перформанс на брендот.
Гледањето реклами на повеќе уреди дава значајно повисоки резултати отколку гледањето на реклами на само еден уред. Колко повисоки? Истражувањата покажуваат дека порастот на допадливоста на брендот е 250% повисока кај cross-device кампањите.
Нема негирање дека консумацијата на мобилни видеа се зголемува, но потрошувачите се’ уште ја сакаат погодноста да избираат на каков екран гледаат. За денешните маркетери, се’ е во раскажувањето на нивната бренд приказна преку повеќе уреди, а видеото е најмоќната алатка.