Сте се нашле ли некогаш во ситуација со нетрпение да чекате да пробате некое ново пиво, но потоа да се разочарате бидејќи тоа има вкус на „вода“?
Епа, доколку одговорот е да, тогаш американскиот пивски бренд Miller Lite го има совршениот производ за спречување на следните, слични разочарувања.
Имено, по повод Националниот ден на пивото на 7 април, Miller Lite лансираше нов производ – концентрирани капки на пивски вкус, кои може да ги ставате во „водестите“ пива кои не ви се допаѓаат и оп – да добиете вистинско пиво!
„Една работа знаеме дека е вистина – љубителите на Miller Lite апсолутно го сакаат вкусот на пивото. Ние ги гледаме „пивските капки“ како забавна, но конкурентна екстензија на нашта нова кампања, за да нагласиме што не одвојува нас од останатите“ – посочува Софија Колучи, глобална потпретседателка на компанијата Miller.
Овие подобрувачи на вкус т.е. „пивски капки“ ќе се продаваат по цена од 4 долари.