Седмиот саем на инвестициски проекти REXPO во Загреб, ќе собере голем број на странски и домашни инвеститори, како и стопанственици заинтересирани за бизнис можности и соработка.
REXPO ќе го посетат инвеститори од Кина, Индија, Велика Британија и Норвешка, со цел да се информираат и да остварат контакти по повод нивните инвестициски планови во Хрватска. Индискиот инвеститор Јаи Тхакур кај Петриње започна со органско одгледување на јаболко, планира да одгледува тиква и лук, а во Хрватска основал и компанија за производство на градежни материјали. Од Норвешка доаѓа Богдан Петреску, оперативен директор на Prime Property Kroatia група, норвешки инвестициски фонд кој развива луксузна mixed-use населба на островот Хвар. Ресортот ќе донесе неколку меѓународни брендови во Хрватска, но и важни промени за земјата. Пол МакШери од компанијата Qbic Hotels е експерт за ресорти и хотелски туризам, а по развојот на вакви туристички дестинации на карипското и афричкото крајбрежје, во потрага е по интересни локации на крајбрежјето во Хрватска.
За најважниот инфраструктурен проект во Хрватска на панелот “Што е за кинеските инвеститори најважно – локација, раст или профит?”, ќе зборуваат директорот на Хрватски патишта, Јосип Шкориќ и претседателот на CSEBA, Марио Рендулиќ, кој е најзаслужен за создавање на квалитетни деловни односи на релација Кина-Хрватска.
Саемот ќе биде отворен на 27 ноември во 17 часот, во Сити Плаза во Загреб, од страна на министерот за туризам Гари Капели, министерот за економија, претпиемништво и занаетчиство, Дарко Хорват и вицепремиерот на Владата и министер за градежништво и просторно уредување, Предраг Шромар. По нивните кратки говори ќе биде доделена наградата “REXPO 2018 Best New Investment Award” за која се натпреваруваат Мостот Чиово, Зелени двори и Жичара Учка.
Вториот ден на саемот е посветен на инвестициите во туризмот. REXPO HTL Day се организира во соработка со PKF hotelexperts од Виена, а фокусот ќе биде на создавање на уште поуспешни туристички дестинации. На вториот ден на саемот ќе биде доделена наградата “REXPO Best New Hotel Award”, за која се натпреваруваат Iberostar Grand Perast од Црна Гора, Mama Shelter од Белград и Canopy by Hilton од Загреб. Со прогласувањето на победниците и забавата во HTL салонот ќе биде официјално затворен REXPO 2018 година.
Целокупната програма на саемот REXPO 2018 можете да ја погледнете овде.