Под слоганот “Мир, љубов и комуникација” и под генерално покровителство на Адрис група, 12 Викенд Медиа Фестивал кој ќе се одржи од 19 до 22 септември во Ровињ го доловува духот на легендарниот Вудсток. Најголемиот регионален медиски фестивал оваа година ќе му оддаде почит на незаборавниот американски музички фестивал преку дискусии за никогаш поинтересната и побрза трансформација на медиумската индустрија и залагање за слободата на одлучување.
Како што се промени општеството во тие турбулентни 1960-ти години на минатиот век кога беше одржан Вудсток, така рапидно се менува светот на медиумите и маркетингот денес.
“Нетфликс поттикна цела низа на нови стриминг услуги, производството на квалитетни содржини е поживо отколку било кога, а спортот станува речиси единствена содржина која бара пренесување во живо и поради тоа цената неверојатно му се зголемува. Иако сè уште незапирливо растат, Фејсбук и Гугл се во дефанзива против силната и широко распространета негативна реакција на зголемената моќ и влијанието на големите технолошки компании, Епл се вклучува во медискиот свет, агенцииите забрзано се трансформираат, но сеуште не е јасно во што … И преку овој Викенд Медиа Фестивал ќе продолжиме темелно да разговараме за една од најинтересните трансформации на една индустрија во историјата. Материјал имаме многу”, најави директорот на програмата на фестивалот Никола Врдољак.
Овогодинешната новина е Weekend -пакетот кој овозможува сместување и котизација. Сите маркетери можат да ги пријават своите проекти на осмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи ќе се претстават на најважните регионални дигитални награди – SoMo Borac.
Освен по провокативните и конструктивни дискусии за трендовите во медиумската индустрија, најголемиот регионален фестивал на комуникации е исто така познат и како место за најдобра забава. Оваа година е најавена внимателно подготвена музичка програма во духот на Вудсток, од времето кога музиката беше уметност и средство за отпор.