Брендот на газирани пијалаци со вкус на овошје Mirinda, дел од PepsiCo, ја лансираше својата сосема нова глобална бренд платформа “There’s No Flavor Like Your Flavor” („Нема вкус како твојот вкус“), заедно со обновен визуелен идентитет.
Рефлектирајќи ја „инспиративната искра“ по која копнеат младите креативци од Генерацијата Z, брендот ја поставува „смелоста“ во фокусот на својот етос, славејќи ги енергичните креативци кои го споделуваат своето автентично творештво во виртуелниот и физичкиот свет.
За да го одбележи лансирањето на платформата, Mirinda го откри својот нов визуелен идентиет развиен под кодното име “Making an M-Pact” од тимот за дизајн и иновации на PepsiCo
Препознатливото лого на брендот е „освежено“ со посветла зелена боја, поостри агли и почисти линии за да биде уште повпечатливо. Монограмот „М“ ќе служи како централен мотив преку кој брендот ќе ги изразува сопствените креативни идеи, внесувајќи го во освежувачка и динамична естетика во комбинација со „разиграни меурчиња“ и стилизитани претстави на овошје.
Секој од 50+ овошни вкусови на брендот ќе добие своја соодветна палета на живописни, контрастни бои прилагодени на уникатните вкусови на луѓето кои живеат во разни региони ширум светот – како што се вкусовите Acai Berry во Полска и Green Cream Soda или Orange Tamarind во Виетнам.
Новиот визуелен идентитет ќе биде имплементиран на 20 меѓународни пазари, а деталите на амбалажата ќе бидат прилагодени за да одговараат на соодветните јазици. Покрај амбалажата на производите, новиот изглед на Mirinda ќе се применува во сите огласувачки активности на брендот, на социјалните медиуми и на разновиден промотивен материјал.