Светската здравствена организација (СЗО) објави нова 30-секундна анимирана реклама со која ги потсетува луѓето да се придржуваат до мерките и препораките за лична заштита од Ковид-19. Главна ѕвезда во анимираната реклама е популарниот комичен лик Мистер Бин.
Во време кога бројот на случаи на Ковид-19 сé уште расте на глобално ниво, оваа симпатична реклама е добар потсетник за индивидуалната одговорност и важноста на миењето раце, физичкото дистанцирање и добрината кон соседите, сé со цел надминување на глобалната пандемија.
Рекламата е создадена во соработка со креативната агенција Project Everyone и продукциската куќа Tiger Aspect Productions.