Mitsubishi Motors се наоѓа на врвот на листата на најдоверлив автомобилски бренд во Германија, според истражувањето направено од страна на светски реномираната институција за истражување на пазарот, J.D.Power, со седиште во Америка.
Студијата направена од страна на оваа институција опфаќа над 15.000 испитаници, кои поседувале возила од различни марки во период од 1 до 3 години и притоа биле мерени искуства поврзани со различни проблеми со своите автомбили во последните 12 месеци.
„Доверливоста кај автомбилите има директен ефект врз продажбата и лојалноста кон брендот од страна на анајгоелм број купувачи“, изјави директорот на еверопската канцеларија на институтот J.D. Power, Аксел Спренгер.
Цел на истражувањето се 177 симптоми на можен технички проблем, поделени во 8 категории: мотор и трансмисија, надворешност на возилото, искуство при возење, контролни уреди и индикатори, аудио-комуникациски уреди, седишта, греење, ладење и вентилација,како и внатрешност на возилото.
Доверливоста е мерена според бројот на проблеми кои се појавиле на 100 возила, односно оние брендови возила кои при истражувањето добиле помал број во листата на рангирање означува дека имаат и повисок квалитет.
Според овие критериуми, оваа година на врвот на листата се наоѓа јапонскиот бренд Mitsubishi Motors, со најмал број на дефекти, односно со најголема доверливост кај сопствениците. Исто така, значајно да се напомене е дека просечната вредност на регистрирани недостатоци кај автомобилите изнесувала 127, но овој број кај Mitsubishi Motors е далеку под просекот на сите автомобилски брендови кои биле опфатени со истражувањето.