Пишува: Зоран Здравески, DIRECT MEDIA SKOPJE
Во многу краток временски рок, решивме да преминеме на #DIRECTFROMHOME remote начин на работа. Во тоа имавме голема подршка од United Group-ата од која сме и дел, а која многу пред на сите да им изгледа дека ваква ситуација би можела да се случи, не предупреди и не припреми за ова сценарио и работењето од дома. Многу експлицитно, на прво место ги ставивме вработените. За нас сите огромна сатисфакција беше потврдата дека во нашиот систем, дури и во вакви тешки моменти, апсолутен приоритет се нашите луѓе, нивното здравје и здравјето на нивните семејства.
Секако дека беа потребни неколку, не така едноставни, организационо-технички припреми за работа од дома. Ние сме голем систем кој работи на повеќе пазари и кој е доста поврзан меѓусебе. Имаме многу бази на податоци кои ги користиме секојдневно…се тоа беше доста макотрпна и предизвикувачка организациона работа, пред се за вработените во ИТ секторот. Успеавме да се организираме, благодарејќи на проактивноста и пред се свеста дека опасноста ни тропа на вратата и дека превенцијата е најдобриот начин да се заштитиме. На крајот на минатата година, како дел од Family Friendly сетификатот го воведовме начинот „Работа од дома„ за нашите вработени, но во ограничена мера. Сепак, поместувањето на целата агенција, бараше сосема нова димензија на ангажман. Меѓутоа, се покажа дека и вака одлично функционираме. Имаме чести Skype состаноци на ниво на цел регион и тие одлично фунционираат. Постојано сме во меѓусебен контакт ние вработените овде во Скопје исто како и на ниво на тимови од цел регион, со клиентите, медиумите…и морам да признаам дека комникацијата за сега се одвива одлично, иста како и што беше пред оваа ситуација предизвикана од Корона вирусот.
Голема благодарност до сите вработени во нашата канцеларија во Скопје, за нивното експресно приспособување на новонастаната ситуација, за нивното професионално извршување на задачите, целодневна ангажираност и позитивниот пристап. Исто така голема благодарност и до менаџментот на нашата компанија, кој безрезевно реши да ги заштити сите свои вработени и ги ја стави нивната безбедност и здравје на прво место.
Што се случува со тековните и планираните проекти?
Нашиот ДМ тим, и додека работи од дома, го следи влијанието на сите случувања и околности кои би можеле да имаат влијание на работата и делувањето на нашите партнери. Факт е дека појавата на Корона вирусот и неговото брзо ширење ќе има одреден ефект на некои кампањи, но ќе донесе и малку поинаков, свеж поглед на тоа што треба да се промени, како во кампањите, така и во самите бизниси и индустрии. Интензивно следиме како конзумацијата на медиумите реагира на новонастанатата ситуација, како се однесуваат и што прават како конзументите на медиумите, така и огласувачите. Забележлива е зголемена гледаност на телевизија и посетеност на веб страниците, посебно страниците со информативен карактер, дури и забележуваме дека некои специјализирани веб сајтови на кои вестите не им биле дел од содржината, почнаа да известуваат за развојот на ситуацијата поврзана со Корона вирусот. Она што е извесно е дека оваа ситуација најмногу ќе се одрази на медиските активности на одредени категории како што се угостителството, туризмот, авиосообраќајот, спортските обложувалници и слични индустрии, кај кои е очекувано да се поместат или одложат дел или сите планирани кампањи за овој период.
Она што може да се примети е големата солидарност на медиумите и граѓаните на социјалните мрежи, но што се однесува на CSR кампањите, забележлива е многу поголема активност во нашето соседство во однос кај нас. Сега е времето брендовите да прават добри дела. Тоа може да бидат кампањи за подигање на свеста за почитување на мерките за спречување на ширењето на вирусот, можат да бидат донации во вид на медицинска опрема, подршка на медиумите, лекарите и здравствениот персонал…Брендовите треба да ја искористат својата пазарна позиција и да се стават во корист на потрошувачите, што значи да останат во видното поле на потрошувачите, но во исто време да споделуваат пораки за подршка за време на оваа криза.
Како државата би можела да помогне и што да направи да му помогне на услужниот сектор со акцент на маркетинг/медиа индустријата
Можеби постојат повеќе индустрии кои се многу поизложени на негативните ефекти од оваа криза, но и нашата индустрија ќе претпи и те како сериозен удар, бидејќи голем дел од компаниите кога се решаваат за кратење на трошоци, меѓу првите на удар се буџетите за огласување. Тоа директно ќе влијае на работењето на сите медиуми и маркетинг агенции, бидејќи од тие буџети опстојува цела оваа индустрија. Видовме дека АВМУ ќе додели финансиска помош на радиодифузерите, но тоа е само дел од медиумскиот пазар кај нас. Не треба да се заборават маркетинг агенциите, веб сајтовите, печатените медиуми, провајдерите за надворешно рекламирање, секоја помош е добредојдена, дали ќе биде во ослободување од придонеси, дали во покривање на дел од платите, одложување на обврските према државата…Сега е време да сите од оваа индустрија (клиенти, агенции, медиуми) се обединиме, и како никогаш до сега се држиме заедно и да си помагаме, бидејќи во ваква ситуација никој од нас претходно не бил и само ако застанеме заедно би можеле да го ублажиме негативниот ефект од оваа светска криза.
Чувајте се!
Топол поздрав од Директно од дома.