Една од водечките светски агенции за односи со јавноста Ketchum, во соработка со консултантската фирма Maslan-sky, спроведеистражување насловенo како “Јазикот на мажите”, кое откри дека младите мажи денес размислуваат различно од генерациите пред нив. Повеќе се вртат кон традиционалните вредности и се повеќе сколни кон искажување на сопствените убедувања и емоции.
Истражувањето беше спроведено на деветстотини мажи на возраст од 18 до 49 години во САД, а опфаќало прашања за врските, сексот, здравјето, изгледот, кариерата и комуникациите со пријателите. Помладата група на мажи (18-25) во однос на постарата (26-49) е посклона кон следните убедувања:
- од мажите се’ уште се очекува да бидат заштитници на семејството (23%:15%)
- важно е мажот да биде тој кој заработува повеќе во брачната заедница (40%:33%)
- повеќе се поистоветуваат со стереотипот ‘силни, молчеливи’ (28%:24%)
- помалку прифаќаат дека е во ред ако се ранливи во поглед на сопствениот изглед пред своите пријатели (68%:74%)
Истотака, големо мнозинство од младите мажи (85%) немаат проблем да зборуваат со своите машки пријатели за лични работи, подготвени се да го споделат своето чувство за прекинот на интимна врска (72%) и не чувствуваат непријатност ако нивни машки пријател пред нив ја покаже својата ранливост (68%). Дури половина се спремни да поделат совет во врска со козметички производи.
Марина Чулиќ Фишер, директор на Ketchum-овиот ексклузивен застапник за Хрватска, агенцијата за односи со јавноста DIALOG komunikacije, изјави: “За нас кои се занимаваме со маркетиншки комуникации интересно е да се види колку денешните млади мажи се комплексни – од една страна се враќаат кон традиционалните вредности и стереотипи, а од друга страна спремни се отворено да ги покажат своите чувства и убедувања. Тое е микс кој досега не сме го имале и основа за ново промислување на пристапот кон оваа важна целна група.”